Skip to Main Navigation

Систематска дијагностика за земјата - Македонија

Систематска дијагностика за земјата - Македонија

Споделете го вашето мислење!

Со цел спроведување на поддршката во агендата за одржлив раст и инклузија на Македонија, би сакале да го дознаеме вашето мислење. Поконкретно, би сакале да дознаеме за вашиот став поврзан со развојните приоритети на Македонија и вистинските предизвици со кои се соочуваат граѓаните во нивниот секојдневен живот.


Споделете го вашето мислење!

Со цел спроведување на поддршката во агендата за одржлив раст и инклузија на Македонија, би сакале да го дознаеме вашето мислење. Поконкретно, би сакале да дознаеме за вашиот став поврзан со развојните приоритети на Македонија и вистинските предизвици со кои се соочуваат граѓаните во нивниот секојдневен живот.

Групацијата Светска банка ја подготвува Систематската дијагностика за земјата (Systematic Country Diagnostic) за Македонија. Истата се подготвува во соработка со националните власти и останатите чинители во земјата и има за цел да ги идентификува најкритичните препреки и можности за да се стави крај на ектремната сиромаштија и да се промовира заеднички просперитет на одржлив начин. Дијагностиката ќе ги оцени препреките и можностите за инклузивен и одржлив раст во земјата и ќе идентификува приоритетни политики. 

Споделете го вашето мислење: Испратете ги вашите коментари и мислења на Анита Божиновска – abozinovska@worldbank.org

Процесот на онлајн консултации е отворен до 18-ти март 2018 година.

Светска банка е особено заинтересирана да ги види вашите идеи поврзани со следното:

1. Што треба да се промени во моделот за развој на земјата за да се овозможи раст предводен од приватниот сектор? Како македонските компании можат поинтензивно да се поврзат со глобалната економија? Како можат да се поттикнат приватните инвестиции во земјата? Како може се промовира конкурентноста на локалните пазари? Како да се подобри капацитетот на домашните компании за примена на современи технологии?

2. Што може да се направи за да се зголеми вработеноста и да ги направи работниците попродуктивни? Како Македонија може да се справи со намалувањето на квалитетот на образованието? Кои реформи во легислативата може да промовираат повисока партиципација на пазарот на труд? Што треба да се направи за да се зголемат можностите за вработување, особено помеѓу малцинските етнички групи и жените?

3. Што е потребно за да се обезбеди фискална одржливост и одржливост на животната средина? Како може нивото на долгот да се одржува на разумно ниво? Како може да се обезбеди поефикасна потрошувачка од страна на Владата? Како да се реформира пензискиот систем за да биде поодржлив? Како да се контролира загаденоста во големите градови? На кој начин општините може  да обезбедат поголема отпорност од природните опасности?


4. Што треба да се направи за да се подобри квалитетот на институциите во земјата? Кои се главните пречки за спроведување на владеењето на правото? Како може да се подобри капацитетот на јавниот сектор за давање услуги? Како може да се подобри одговорноста на јавниот сектор? Како Владата подобро да одговори на барањата од граѓаните?